Ивановски со Хајдук несреќено елиминирани од Стеауа со гол во 93. минута

Македонскиот напаѓач Мирко Ивановски со својот Хајдук доживеаја несреќна елиминација во 3. квалификациско коло за Лигата на Европа од романска Стеауа.

По оние први 0-0 од Сплит, Хајдук на денешното гостување во Букурешт имаше 1-1 кои го носеа во плеј-оф рундата се до 93. минута кога Гохере погоди за победа од 2-1 на Стеауа и пласман понатаму.

Претходно, Гохере во 53. минута од пенал ја доведе Стеауа до водство а израмни Саид во 82. минута. Мирко Ивановски настапи до 73. минута на натпреварот.


Елиминација доживеа и Леонард Жута кој со Ријека неочекувано загубија дома со 0-1 од Сарпсборг 08. На првиот натпревар во Норвешка беше 1-1, но ниту тоа не беше доволно Ријека да се пласира во плеј-оф рундата од квалификациите за ЛЕ.

Се вчитува...