Ивановски тргна силно, па се “измори“ – Македонецот го освои осмото место на 5.000 метри на МИ

Дарио Ивановски го освои осмото место на трката на 5.000 метри на Медитеранските Игри во Оран, остварувајќи време од 13:54.58 минути.

Македонскиот атлетичар беше „пејсмејкер“ на самиот старт, тргнувајќи моќно и оставајќи ги ривалите далеку зад себе. Очекувано,како што одминуваше трката, така Ивановски не можеше да го издржи темпото на фаворитите, па Македонецот на крајот го освои осмото место, со сопствено најдобро време во кариерата на оваа делница.

Првото место и златниот медал му припадна на Мароканецот Букантар со време од 13:36,12 минути, кој во неизвесна завршница го победи сонародникот Мохамед Фарес.

Се вчитува...