Кристијан Ивановски во потрага на нов ангажман

Досегашниот член на Македонија ЃП, напаѓачот Кристијан Ивановски во моментов е без клуб и бара нов ангажман. 23-годишниот играч, кој може да игра и на крилните позиции, во минатите шест месеци беше дел од „лавовите“ за кои одигра седум официјални натпревари, и постигна еден гол.

Ивановски во минатото беше дел од Кадино три сезони пред да дојде во Македонија ЃП, а сега кариерата би можел да ја продолжи во некој од прволигашките клубови.

Покрај Ивановски, од Македонија ЃП зимава си заминаа и Филип Костоски, Димитар Димитриевски, Абу Камара и Балша Бановиќ.

Се вчитува...