Иве Иванов го напушти МЗТ Скопје и потпиша за Задар

Искусниот хрватски кошаркар Иве Иванов го напушти македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром и се врати во татковината, потпишувајќи за Задар. Информацијата за враќањето на Иванов во Задар ја потврдија спортскиот директор Бранимир Лонгин и директорот на клубот, Жељко Жилавец.

Договорот е во важност од една година со можност за продолжување, а официјалното претставување ќе биде за неколку денови. Иванов во МЗТ Скопје дојде на почетокот на сезоната, а со македонскиот шампион успеа да ја освои титулата во домашното првенство, а играше и во финалето на националниот куп. Во плеј-офот за влез во АБА лигата Иванов со МЗТ Скопје загуби токму од неговиот нов клуб Задар.

 

Се вчитува...