По успешен досегашен претседателски мандат, Ивица Алексовски повторно е избран за претседател на Федерацијата на Македонија за бразилска џиу џица и ММА, продолжувајќи го својот мандат на уште четири години.
На Собранието присуствуваа делегати од клубовите членки на Федерацијата, кои активно учествуваа во донесувањето на одлуки за иднината на федерацијата. Избрани се и нови членови на Извршниот и Надзорниот одбор. Дејан Чолески беше избран за потпредседател на федерацијата.
Беше усвоен и календарот на настани, кој вклучува домашни и меѓународни турнири како Европското ММА првенство, Светското ММА првенство, како и повеќе АЈП и АДЦЦ натпреварувања. Беше донесена одлука за зголемено учество на семинари за судии и тренери, и за соработка со реномирани експерти од БЏЏ и ММА сцената, со цел професионализација на спортот во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА