Ивица Зубац останува во ЛА Клиперс

Хрватскиот кошаркар, Ивица Зубац, договори нов тригодишен договор со Лос Анџелес Клиперс, пренесуваат американските медиуми.

Хрватот во Клиперс во следните три сезони би требало да заработи 33 милиони долари. 25-годишникот од февруари 2019 година е во ЛА, а минатата година беше најдобра во неговата кариера. Тој просечно бележеше по 10.3 поени, 8.5 скокови и 1.6 асистенции по натпревар.

 

Се вчитува...