Фудбалерот Аламара Џаби од дански Митјиланд преживеа тежок напад во кој беше избоден со нож.
Спортската јавност во Данска, но и низ цела Европа, е шокирана од веста дека 19-годишниот играч од средниот ред бил цел на напад.
Како што објави клубот од Хернинг, Џаби бил подложен на две операции, бил во индуцирана кома од која потоа е разбуден и неговата состојба во моментов е стабилна.
„Аламара Џаби беше сериозно повреден во напад со нож и сега е во стабилна состојба по две операции. Се разбуди од индуцирана кома и се чувствува добро со оглед на околностите. ФК Митјиланд е во постојана комуникација и соработка со властите и дава целосна поддршка на нашиот фудбалер и на неговото семејство“, се вели во соопштението на данскиот клуб.
Мотивот и деталите за нападот сè уште не се познати, а полицијата веднаш започна истрага, по што ќе бидат познати повеќе детали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
