Избрканиот Калиниќ сепак, ќе добие медал од СП

Хрватскиот репрезентативец Никола Калиниќ, иако беше избркан од репрезентацијата за време на СП во Русија, сепак ќе добие сребрен медал како и другите хрватски фудбалери.

Хрватска стана светски вицешампион на Мундијалот во Русија после поразот во финалето од Франција (4-2). Тој успех „коцкестите“ го постигнаа без Никола Калиниќ во составот, бидејќи селекторот Златко Далиќ по првиот меч го отстрани од тимоот и го врати дома. Калиниќ, незадоволен од минутажата, одби да влезе во игра во завршницата на натпреварот, а селекторот Далиќ потоа му наложи да го напушти репрезентативниот камп во Русија.

Но, и покрај тоа што не учествуваше во успехот на Хрватска, Калиниќ сепак, ќе добие медал. Тоа според хрватските медиуми, била одлука на играчите и на селекторот.

Тоа дека Калиниќ е протеран од репрезентацијата е малку пресилен збор. Тој со одлука на селекторот беше отстранет од составот и тоа на крај се покажа како добра одлука. Што се однесува за медалот, она што јас го знам е дека играчите и селекторот одлучиле Калиниќ сепак, да го добие својот медал“ – изјави портпаролот на Хрватската фудбалска федерација, Томислав Пацак.

Никола Калиниќ за репрезентацијата на Хрватска има одиграно 41 натпревар и постигнато 15 гола.

Се вчитува...