Измама во Барселона… Зошто се камерите ако не се користат!?

Барселона на домашен терен убедливо со 5-1 славеше против Лион, но натпревар остана во сенка на лошите одлуки по прегледувањето на ВАР системот. Пенал за Барселона немаше, а кај голот на Лион беше очигледно прекршок во напад, сметаат фудбалските аналитичари.

Интерес, по падот на Суарез, судијата и неговите ВАР помошници одлучија дека тоа е „прекршок“ за удар од белата точка, а на снимката убаво се гледа дека напаѓачот на Барселона гази на ногата на дефанзивецот на Лион. Токму затоа се поотворени се прашањата на светската фудбалска јавност, зошто е ВАР системот ако судиите воопшто не гледаат како што треба?

„Премногу пропусти има во функционирањето на ВАР системот. Дополнително на тоа и судиите остануваат слепи на некои очигледни ситуации. И, доаѓаме до тоа дека повторно секој суди онака како што првично смислил. Тогаш, зошто се камерите ако не се користат како што треба?“ – сметаат поголемиот дел европски фудбалски аналитичари.

Се вчитува...