Изнајмиле проститутки, за казна нема да играат кошарка една година

Четворица јапонски репрезентативци кои беа дел од националниот кошаркарски тим на Азиските игри добија едногодишни забрани за играње кошарка поради скандалот што го предизвикаа на континенталниот собир во Индонезија.

Тие беа фатени дека се забавувале со проститутки во хотелот во Џакарта, по што беа суспендирани и експресно вратени дома. Веднаш им беа изречени и казните.

Јапонската репрезентација беше елиминирана во четвртфиналето од Азиските игри и ќе разигрува за седмата позиција.

 

Се вчитува...