Изненаден светскиот шампион на 110 метри со пречки, прв медал во историјата и за Буркина Фасо

Португалскиот атлетичар Пабло Пикардо освои златен медал во троскок на ЛОИ во Токио.

Пикардо до златото стигна со извонреден скок од 17,98 метри во третата серија. Славеше пред Кинезот Јаминг Жуа а бронзата замина кај Фабрис Жанг од Буркина фасо кој и го донесе првиот медал во историјата на својата земја.

Ханс Паркмент од Јамајка, пак, го освои златото на трката на 110 метри со пречки, со време од 13.04 секунди.

Американецот Грент Холовеј, актуелниот светски шампион, беше во предност во поголемиот дел од трката, но на крајот беше изненаден од Паркмент. Бронзата ја освои Роналд Леви, исто така од Јамајка.

Се вчитува...