Изненадувачки пресврт – Јунајтед го купува Н’Голо Канте

Манчестер Јунајтед тргнува во офанзива по потписот на фудбалерот на големиот ривал Челси, Н’Голо Канте. Канте кој иако е дел од првиот тим на клубот се очекува да ја изгуби позицијата стартет доколку во клубот премине Деклан Рајс кој е голема желба на менаџерот на „сините“ Френк Лампард.

Од друга страна на Манчестер Јунајтед му е потребен фудбалер кој е вистински „војник“ во средината од теренот бидејќи Пол Погба не е доволен квалитет да ги исполни дефанзивините барања на менаџерот на „црвените-ѓаволи“ Оле Гунар Солксјер кој смета дека не е само одбраната виновник за големиот број примени погодоци на стартот на новата сезона.

Канте во Челси стигна во 2016 година од редовите на Лестер. Оттогаш за лондонскиот клуб запиша 129 натпревари на кои постигна девет гола.

Се вчитува...