Изненадување: Кристијано Роналдо од клупа го започнува дербито со Челси (ФОТО)

Натпреварот на 13. коло во Премиерлигата помеѓу Челси и Манчестер Јунајтед ќе започне без еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо кој изненадувачки се најде на листата на резервни играчи, а неговото место го превзема Џејдон Санчо.

За оваа одлука говореше и самиот Мајкл Керик кој вели дека е дел од тактиката.

„Само по некоја промена за да ги освежиме работите. Кристијано Роналдо е нашето име кое се истакнува, но зборевме со него и тој се осеќа добро поради ваквата одлука“, изјави предводникот на „црвените ѓаволи“.

За Челси ќе настапат: Менди, Чалобах, Силва, Рудигер, Алонсо, Жоржињо, Лофтус-Чик, Џејмс, Зијеш, Хадсон-Одои и Вернер.

„Црвено-белите“ бои ќе ги бранат: Де Хеа, Ван-Бисака, Линделоф, Бејли, Телес, МекТоминеј, Матиќ, Фред, Фернандеш, Санчо и Рашфрод.

Се вчитува...