Изненадување на сезоната во АБА: Студентски Центар го освои Белград за „брејк“ во четвртфиналето

Студентски Центар ги приреди најголемото изненадување на сезоната во АБА лигата откако славеше со 83-84 сред Белград против Партизан за водство од 1-0 во четвртфиналната серија. Гостите од Црна Гора одиграа неверојатен натпревар во кој реализираа со поголема успешност од евролигашот, го контролираа и скокот кој воедно беше и клучен во неизвесната завршница.

Клучен за сензационалната победа беше Звонимир Ивишиќ кој прпво забележа блок врз Лесор, потоа имаше брутално забивање на 56 секунди пред крајот на мечот и реализираше во дополнителното слободно фрлање за 83-84, а на осум секунди до крајот стигна и до скок во напад.

Сепак по големата грешка и загубената топка на Хаџибеговиќ последниот напад им припадна на „црно-белите“, но Пантер не реализираше обид за три поени за големо славје на Црногорците.

Се вчитува...