Изненадување на стартот од Ролан Гарос

Доминик Тим требаше да биде еден од предводниците на „новата генерација“ во светскиот тенис, но Австриецот се соочува со огромни проблеми по серијата повреди, по кои никако не успева да се врати во посакуваната форма.

Тој денеска беше елиминиран во првото коло од Ролан Гарос, губејќи од анонимецот Хуго Делиен со 3-0 во сетови (6-3, 6-2, 6-4). Ова беше единаесетти пораз во низа за Доминик Тим, кој последниот триумф го оствари пред повеќе од една година, на Мастерс-турнирот во Рим.

Рутински пласман во второто коло од Ролан Гарос обезбеди Григор Димитров, кој славеше со убедливи 6-1, 6-1, 6-1 во пресметката со Американецот Гирон.

На женскиот дел од турнирот, шестата носителка Жабер неочекувано беше елиминирана на самиот старт од овој турнир, губејќи со 1-2 во сетови од Линет од Полска. Кирстеа славеше со 2-0 над Германката Марија, додека Слоун Стивенс со пресврт стигна до победа од 2-1 во сетови над Нимајер од Германија.

Се вчитува...