Изненадување од Ноу Камп: Барселона го става Тер Штеген на трансфер листа?

Барселона го става на трансфер листа својот прв долгогодишен голман Марк-Андре Тер Штеген. Ова е веста која доаѓа од Каталонија, и која е помалку изненадувачка со оглед дека станува збор за еден од најдобрите голмани во историјата на „Каталонците“.

Сепак, Барса е принудена на ваков чекор поради кризата, а решението ќе го бара во некој друг поевтин голман. За Тер Штеген интерес пројави Њукасл, но германскиот голман ја одби можноста да се пресели во последнопласираниот тим во Премиер-лигата.

Тер-Штеген е во Барселона во последните седум години. Освои се што можеше да се освои со „Каталонците“, а сега поради ситуацијата во која Барса се наоѓа, лесно може да се случи да си замине од клубот.

Германецот има договор со Барса до 2025 година, а според најавите, сумата која Барселона ќе ја бара за него е 40-45 милиони евра.

Се вчитува...