Холандскиот репрезентативец Тиџани Рејндерс и официјално го напушти Манчестер сити и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, во редовите на Ал Кадсија.
За услугите на 28-годишниот фудбалер од средниот ред, клубот од Саудиска Арабија плати отштета од дури 61 милиони евра. Рејндерс со новиот тим потпиша петгодишен договор, период во кој ќе заработи астрономски 100 милиони евра, сума која е далеку поголема од неговите досегашни примања кај „граѓаните“.
Зад Холанѓанецот е одлична сезона во која одигра 50 натпревари за Манчестер сити, постигнувајќи седум голови и осум асистенции. Пред да го облече дресот на Сити, тој во својата кариера настапуваше и за Милан, АЗ Алкмар, Цволе и РКЦ Валвајк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
