Ја напушти Црвена Звезда и потпиша за Милано

Олимпија Милано продолжува со ангажман на квалитетни засилувања откако италијанскиот гигант денеска потпиша договор и со Кевин Пантер од редовите на Црвена Звезда. Американскиот бек дојде во таборот на АБА-лигата од редовите на Олимпијакос и веднаш се наметна како еден од лидерите на „црвено-белите“, постигнувајќи по 15,9 поени во просек во Евролигата.

Тој беше МВП на завршниот турнир од ЛШ на ФИБА во 2019 година, натпреварување во кое Пантер стигна до титулите во 2019 и во 2019 година со екипите на АЕК и на Виртус Болоња. Станува збор за беспрекорен шутер од далечина кој ќе му даде дополнителен квалитет на тимот на Еторе Месина, кој најавува сериозен атак на висок пласман во Евролигата.

Милано пред Хантер потпиша договори со Малколм Дилејни и со Кајл Хајнс, реши да ги задржи Џеф Брукс и Калеб Тарчевски, додека објави дека од ланскиот ростер тимот ќе го напуштат Луис Скола, Немања Недовиќ, Амедео Дела Вале и Кристијан Брнс.

Се вчитува...