Ја преживеа несреќата на Чапекоенсе, па почина од срцев удар

Рафаел Хензел, еден од шестмината преживеани во страшната авионска несреќа на Чапекоенсе, почина синоќа од срцев удар играјќи фудбал со пријателите во Чапеко.

Хензел беше новинарот што патуваше со експедицијата на Чапекоенсе на финалето против Атлетико Насионал, останувајќи жив во страшната несреќа во која животот го загуби 71 лице. Тој работеше во радиото „Вест Капитал“, а неколку месеци по несреќата ја објави книгата “Viva como se partida”, во која меѓу другото пишуваше и за катастрофата на Чапекоенсе.

Со голема жалост ја известуваме јавноста за смртта на новинарот Рафаел Хензел, кој беше длабоко поврзан со нашиот клуб“ – објави Чапекоенсе.

Се вчитува...