По огромната победа на гостувањето против Македонија ЃП, за стружани кои силно ја посакуваат Европа сега не преостанува ништо друго освен атак на победа на секој натпревар.
Така ќе биде и денеска во 30. коло од ПМФЛ против Шкупи во Струга.
„Не очекува еден тежок натпревар. Натпревар кој ни значи премногу за тоа трето место и пласманот во Европа. Максимално сме подготвени за мечот и покрај тоа што знаеме за квалитетите на Шкупи. Но, ќе се бориме до последната секунда за бодовите да останат во Струга” – вели Абдулхади Јахја.
ПРВА ЛИГА – 30. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР
Струмица: АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ
Велес: БОРЕЦ – ВАРДАР
Струмица: БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА