Јахтата на Абрамович, локација за преговорите со Лампард

Сопственикот на Челси и легендата на клубот, Франк Лампард ќе се сретнат во Сен Тропе на јахтата на рускиот тајкун за да преговараат за менаџерската позиција. По заминувањето на Маурицио Сари во Јувентус, лондонскиот клуб е принуден да бара тренер, а евентуалниот ангажман на поранешниот репрезентативец би бил прв менаџер Англиченец во ерата на Абрамович.

Се очекува конечен договор да има до крајот на оваа седмица, а наводно на Лампард ќе му биде понуден тригодишен договор. Челси уште не контактирал со Дерби Каунти во врска со трансферот.

Франк Лампард, кој е најдобриот стрелец во историјата на Челси, во клубот мина цели 13 сезони. Ангажманот во Дерби му е прв во менаџерската кариера.

Се вчитува...