Јаја Туре се враќа во репрезентативниот дрес

Фудбалерот на Манчестер сити, Јаја Туре повторно ќе заигра за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, соопшти неговиот менаџер, Димитри Селук. Тој потврди дека Туре е подготвен повторно да го облече дресот на својата земја доколку добие покана од слеекторот.

Јаја Туре во септември минатата година соопшти дека се повлекува од националниот тим, но сега ја смени одлуката.

Јаја Туре реши да се врати во репрезентацијата. Тој сака да освои нов трофеј со „слоновите““ – наведува Селук.

Туре досега има одиграно 100 натпревари за репрезентацијата на БСК и има постигнато 19 гола. Во 2015 година со репрезентативниот состав го освои Купот на Африканските нации.

Репрезентацијата на БСК не обезбеди пласман на СП 2018 во Русија.

Се вчитува...