Данска ќе ја има улогата на фаворит на утрешното финале на СП 2025 против Хрватска, дуел на кој Данците ќе се обидат да испишат историја како прва селекција што триумфирала на четири мундијали во низа..
Селекторот Николај Јакобсен сепак предупредува дека задачата пред неговите избраници воопшто нема да биде лесна, откако Хрватите на полуфиналето со Франција докажаа се способни да ги победат најдобрите светски селекции.
„Ова ќе биде дуел на две сосема различни репрезентации. Ние играме многу брз ракомет, со многу трчање, брзи прекини и удари кон противничкиот гол. Хрвтска игра цврста одбрана 5-1 со Мамиќ на врвот, го има извонредниот голман Кузмановиќ и одлични шутери од дистанца.. Посебно би го истакнал Мартиновиќ, кој игра извонредно цел турнир. Не се залажуваме дека ќе ни биде лесно, тешко ќе биде да се игра големото финале… ние ќе играме брзо, Хрватска цврсто и на сила… ќе видиме кој ќе победи на крајот“, изјави Јакобсен на помалку од еден ден пред големото финале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА