Јакобсен: Вардар игра одлична сезона, а ние имаме повредени играчи

Вардар и Рајн Некар Левен утревечер ќе се соочат вторпат сезонава, во дуел од 11. коло од групната фаза во Ракоментата лига на шампионите. Дуелот е дерби на стартната рунда од елитното натпреварување за 2019 година. Тренерот на Рајн Некар, Николај Јакобсен кој во втората половина од сезоната влегува по репрезентативниот успех со Данска на светското првенство со екипата почна да работи минатата седмица. Тој најавува жесток дуел кој ќе биде клучен за битката за втората позиција на табелата.

„ Во нашата група има само силни екипи. Вардар досега одигра одлична сезона. Нам работата ни ја отежнуваат и повредите на двајца играчи. Фат уште се бори со повредата на колкот, а Нилсен има проблеми со мускулот. Сигурдсон полека се враќа по повредата на коленото. Ќе се потпреме на играчите што ги имаме. Трениравме добро и со нетрпение го оќчекуваме натпреварот“ – вели Јакобсен

Во пресрет на натпреварот Вардар со 13 бода е на втората позиција каде што ја мина зимската пауза. Тимот на Филип Талевски пак е на третото место со бод помалку од црвено-црните. Во првата сезонска пресмета, во Скопје, Вардар победи со 29-27.

 

Се вчитува...