Јамал избра нов број во Барса, не ја сака „десетката“ на Меси

Ламин Јамал го носеше дресот со број 27 во ланската сезона од Ла Лига, но шпанскиот херој од ЕВРО 2024 во новата натпреварувачка сезона ќе влезе и со нова бројка на грбот.

Барселона денеска преку официјално видео објави дека Јамал го избрал дресот со број 19 за свој заштитен знак за 2024/25. Откако овој број му донесе многу среќа во настапот на ЕВРО 2024, крилниот офанзивец се надева дека во ист стил со 19-ка на грбот ќе продолжи и на клупски план.

Шпанските медиуми објавија дека му била понудена и легендарната „Десетка“ што до пред неколку години му припаѓаше на Лео Меси, но Јамал го одбил тоа.

Овој број ќе остане во сопственост на Ансу Фати, барем додека не биде одлучено дали Фати ќе остане во Барселона или ќе биде испратен на нова позајмица откако лани не се прослави премногу ниту во дресот на Брајтон.

Се вчитува...