Јан Весели е МВП на Евролигата

Фенербахче не успеа да се пласира во финалето на Евролигата, но летечкиот Чех, Јан Весели, ќе добие утеха во вид на индивидуално признание. Тој е избран за МВП играч на лигашкиот дел од сезоната во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Весели во просек постигнуваше 13 поени, бележеше 5,4 скокови и имаше 2,4 асистенции и 1,5 украдени топки по натпревар по првата фаза од натпреварувањето. Покрај него, во идеалната петорка се најдоа и Ник Калатес (Панатаинакос), Костас Слукас (Фенербахче), Кори Хигинс (ЦСКА Москва) и Брендон Дејвис (Жалгирис).

 

 

Се вчитува...