Јаневски: Не можеме да бидеме задоволни со еден бод…

Вардар по петте убедливи порази, на збогувањето од групната фаза во Лига Европа ремизираше (1-1) против Розенборг во Скопје. Некој ќе рече, историски бод, но тренерот Чедомир Јаневски не е задоволен, и вели дека со вечерашната игра неговиот тим заслужи – три. А, низ целиот циклус од ова европско натпреварување – собираше непроценливо искуство.

„Заслуживме три бода на овој мел, иако освоивме еден. Моите фудбалери заслужуваат честитки за игра, посебно во првите 45 минути. Создававме шанси, дадовме и гол, но, за жал, примивме непосредно пред одморот. Успаевме да освоиме еден бод, но дефинитивно сакавме повеќе. Со еден бод не можеме да бидеме задоволни. Но, за повеќе треба да имаш и подобар тим. Сепак, видовме како е да се игра во Лига Европа, за многу фудбалери ова е голема лекција, исто така и за сите нас, за клубот. Ова учество ќе ни биде непроценливо искуство, и за тоа треба искрено да се радуваат сите кои го сакаат Вардар“, изјави Чедомир Јаневски на прес – конференцијата по мечот.

Се вчитува...