Јаневски: Ние не успеавме да погодиме, па добивме казна!

Стратегот на Вардар, Чедомир Јаневски не го криеше незадоволството од поразот од Шкупи на Чаир, но истакна дека нема за што да им замери на фудбалери кои дале максимум на тешкиот терен за игра…

„Немам што многу да им замерам на фудбалерите, освен што не успевавме да реализираме од идеални шанси кога беше потребно. Мислам дека дадоа максимум на тешкиот терен за игра и за двете екипи. Ние го загубувме мечот поради два одлични шута, кои беа казна за нас откако не успеавме претходно да погодиме за водство. А, кога не успевате да реализирате секогаш следи казната“ – истакна Јаневски по мечот во Чаир.

Се вчитува...