Јаневски: Победивме како тим, против екипа која ретко губи во Струмица

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Чедомир Јаневски, искажа задоволство по денешната победа од 0-2 на гостувањето против Академија Пандев во Струмица.

„Денеска игравме со една екипа која што е нов прволигаш и имаше желба да се прикаже во добро издание, и против екипа која што тешко губи бодови дома. Дојдовме до четвртата победа во првенството по ред, и на последните пет натпревари освоивме 13 бода. Задоволен сум од прикажаното, на стартот малку ни недостасуваше да влеземе вистински во натпреварот. Противникот имаа само една шанса во првото полувреме, а ние целосно го контролиравме мечот. Изненаден сум само од лошиот терен кој што беше проблем и за нивниот тим и за нашиот да прикажеме игра. Желбата постоеше, ние ги искористивме шансите и задоволни се враќаме со три бода“ – истакна по мечот Јаневски, дополнувајќи дека Вардар денеска победил како тим.

„Ние денеска победивме како тим, им дадовме шанса на добар дел на играчи кои не играа на мечот со Зенит и мислам дека ја завршивме добро задачата. Оваа победа ни дава една позитивна енергија пред натпреварите со Шкупи на кои посакуваме да продолжиме со серијата победи“.

Се вчитува...