Јаневски се раздели со Енозис, продолжува во Паниониос!?

Поранешниот македонски селектор, Чедомир Јаневски се раздели со кипарски Енозис поради пандемијата на коронавирус и прекинот на фудбалското првенство во Кипар.

Кипарската федерација одлучи да стави крај на сезоната без прогласување шампион. Јаневски успеа да го спаси Енозис од испаѓање, но поради финансиската криза откако Енозис најави многу помал буџет за следната сезона, следи разделба со кипарскиот прволигаш.

Според дел од грчкиот медиуми Чедомир Јаневски е еден од кандидатите за преземање на клупата на грчкиот прволигаш Паниониос од Атина, иако има и неколку понуди и од кипарски клубови.

Јаневски со Вардар пред три години играше во Лига Европа, а по заминувањето од таборот на црвено-црните беше тренер на египетски Исмаили. Во својата кариера претходно беше тренер и на Бриж, Црвена Звезда, Етникос Ахна, Монс, Мускрон, Васланд Беверен, а беше помошник и на клупата на грчки Олимпијакос.

Се вчитува...