Јанг Бојс последна пречка за Црвена Звезда пред групите во ЛШ

Српскиот првак Црвена Звезда, кој ќе игра против Копенхаген во следната рунда од квалификациите за ЛШ, доколку успее да мине понатаму за последна пречка пред влезот во групите ќе го има швајцарскиот Јанг Бојс.

Динамо Загреб и Ференцварош, клубовите на Аријан Адеми и на Стефан Спировски, ќе имаат меѓусебна пресметка, а победникот ќе го добие подобриот од мечот меѓу Марибор и Розенборг за влез во групната фаза од елитното европско натпшреварување.

На денешниот ждреб беа одредени двојките за последното елиминациско коло во Лигата на шампионите.

Се вчитува...