Јанг си заминува, Мегваер нов капитен на Манчестер Јунајтед

Оле Гунар Солскјер потврди дека Хари Мегваер е новиот капитен на Манчестер Јунајтед само шест по доаѓањето во клубот за рекордни 80 милиони фунти од Лестер. Мегваер ја презема лентата од Ешли Јанг лентата чија трансфер во Интер се очекува да биде потврден наскоро. Тој денеска е на медицински прегледи.

„Хари ја презеде одговрноста и ќе остане на позицијата. Тој е лидер на групата и не сум изненаден туку сум воодушевен од неговите лидерски способности“ – вели менаџерот на Солскјер.

Менаџерот потврди и дека има сериозни дилеми околу настапот на Маркус Рашфорд на дербито против Ливерпул во недела. Рашфорд кратко беше дел од дуелот од ФА купот во средата и ја закомпликува ситуацијата со пворедата на грбот.

 

Се вчитува...