Јанис сам ги реши Вориорс, Оклахома го изненади Бруклин (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа пет натпревари. Во дербито на вечерта Милвоки Бакс го уништи Голден Стејт Вориорс совладувајќи го со 118-99.

Јанис Адетокумбо беше прво име во победничкиот табор со трипл-дабл (30 поени, 12 скока и 11 асистенции) за само 30 минути поминати на паркетот. Во „сивилото“ на Вориорс најдобар беше Ендрју Вигинс со 16 поени.

Оклахома Сити Тандер стигна до изненадувачки триумф на гостувањето кај Бруклин Нетс од 130-109. Шеј Гилџ Александер со 33 поени беше прво име во таборот на победникот, додека во отсуство на Кевин Дјурант, Џејмс Харден го заврши натпреварот со 26 поени.

Во останатите натпревари од синоќешната понуда: Мемфис – Минесота 116-108, Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 113-89 и Денвер – Портланд 140-108.

Се вчитува...