Јапонецот Нонака на проба во Работнички… (ФОТО)

Работнички деновиве го тестира јапонскиот фудбалер Нозому Нонака кој доаѓа од редовите на германскиот ФЦ Рехден.

24-годишниот Нонака ќе мине дел од подготовките на „романтичарите“ пред да следи одлуката околу негов евентуален ангажман за пролетниот дел од шампионатот.

Нонака настапува на десната бековска позиција но и во средниот ред. Претходно во својата кариера Бонер и ТР Дизелдорф, а оваа година настапувал во редовите на Рехден кој се натпреварува во Третата регионална лига во Германија.

За Работнички до крајот на оваа година следи уште заостанатиот натпревар против Вардар во домашниот шампионат, пред да стартува зимската пауза.

Се вчитува...