Јапонија доби нов селектор

Фудбалската репрезентација на Јапонија го именуваше Хаџиме Моријасу за нов селектор, откако се раздели со Акиро Нишино по завршувањето на Светското првенство во Русија. Тој досега беше задолжен за подготовките на селекцијата која за две години ќе се натпреварува на фудбалскиот турнир на Летните Олимписки Игри во Токио, но доби зголемени надлежности.

Прва задача за него ќе биде да го подготви националниот тим на Јапонија за настап за Азискиот куп. Поранешниот јапонски репрезентативец го предводеше тимот на Хирошима до три шампионски титули во Јапонија во периодот од 2012 до 2015 година.

 

Се вчитува...