Од 19 часот не очекува нов натпревар од шеснаесетиинафиналето на Светското првенство, кој носи судир меѓу Бразил и Јапонија.
Јапонскиот селектор Хаџиме Моријасу изјави дека неговиот тим верува дека може да го изведе едно од најголемите изненадувања на турнирот.
„Целосно сме подготвени да му се спротивставиме на Бразил со се што имаме. Нашите играчи работеа исклучително напорно, а целиот тим пристигна на ова Светско првенство подготвен за најголемите предизвици. Знаеме дека повеќето луѓе ќе го сметаат Бразил за фаворит и со причина, поради нивната историја и квалитет, но токму затоа сме тука“, рече Моријасу, кој потоа продолжи:
„Дојдовме да го шокираме светот! Јапонија е подготвена да покаже дека е најголемиот „дарк хорс“ на ова првенство. Моите играчи се мотивирани, целосно фокусирани и гладни да создадат историја. Имаме најголема почит кон Бразил, но исто така веруваме во себе. Ќе го дадеме нашиот апсолутен максимум и ќе се бориме до последниот свиреж на судијата.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
