„Јас сум добар како Садио Мане, но соиграчите не ми чинат“

Њукасл по превземањето од страна саудиските газди се препороди па не само што го избегна дното на табелата и преселбата во Чемпиншип, во последните три кола ќе има шанса и да стигне до горниот дел на табелата.

Најзаслужни за тоа се зимското засилување Бруно Гимараеш и Ален Сент-Максиман, францускиот крилен напаѓач кој покрај по фудбалските квалитети е познат и по незгодниот карактер. Тоа повторно се покажа на дело со последната изјава на Французинот, со која тој ги „оцрни“ соиграчите од Њукасл.

„Тие што играле со мене добро знаат дека кога говорам за чист квалитет, немам за што да му бидам љубоморен на Садио Мане. Јас сум добар, но соиграчите не чинат. Штом добијам соиграчи кои можат да реализираат шанси ќе имам 10 до 15 асистенции по сезона. Тоа ќе го промени погледот на луѓето кон мене“, изјави Французинот.

Ален Сент-Максиман oваа сезона одигра 32 натпревари за „црно-белите“, а постигна пет гола и забележа четири асистенции.

Се вчитува...