Јасикевичиус бесен: Да провериме дали имаме нешто меѓу нозете!

Жалгирис претрпе катастрофален пораз од 76-43 на првиот дуел од четвртфиналето во Евролигата против Фенербахче, а тренерот Шарунас Јасикевичиус со право беше крајно незадоволен. Литванците одиграа катастрофално во нападот, но немаа ниту карактер во одбраната, нешто што подеднакво го загрижува нивниот тренер.

„Немам што да наведам како причина за поразот. Вториот натпревар е за 48 часа, треба да провериме дали имаме нешто меѓу нозете, да го најдеме тоа и да покажеме поголема храброст на реваншот. Сите сме виновни, најмногу јас. Мораме да разбереме дека ова е четврт-финале и во него се води битка преполна со физички контакт. Не одговоривме на тој предизвик, одигравме слабо во нападот, промашивме чисти шутеви… нормално е да се биде разочаран по едно вакво издание“ – изјави Јасикевичиус.

Скорот на Жалгирис е втор најнеефикасен во историјата на нокаут средбите во Евролигата, веднаш зад оној на Монтепаски Сиена од 2011 година, кога италијанскиот првак загуби од Олимпијакос со 89-41. Интересно, Сиена по тој дебакл ги доби наредните три средби против грчкиот гигант и се пласираше на фајналфор турнирот.

Се вчитува...