Јасмин Репеша, нов селектор на БиХ

Јасмин Репеша е именуван за нов селектор на кошаркарската репрезентација на БиХ. 57-годишниот хрватски тренер ќе ја води оваа селекција на следните два меча во квалификациите за Светското првенство.

„Го прифатив ангажманот во репрезентацијата на БиХ и ќе ја водам селекцијата на следните два натпревари. После тоа, ќе седнеме и ќе видиме како ќе ја договориме понатамошната соработка. Ова е нов момент за сите нас, и ќе треба да се извлече максимумот од секој поединец“, изјави Репеша за босанските медиуми.

Пред него, репрезентацијата на БиХ ја предводеше Душко Вујошевиќ, кој мораше да се повлече поради здравствени проблеми, го очекува трансплантација на бубрег и период на опоравување кое ќе трае околу 7-8 месеци.

Се вчитува...