Јазикот на Халанд побрз од умот: Тоа беше с*ање, извинете! (ВИДЕО)

Манчестер сити победнички ја почна и новата сезона во Премиерлигата, со што покажа дека и годинава ќе биде главен фаворит за титулата во Англија.

Во победата на Сити од 2-0 против Вест хем, голем придонес имаше новото засилување од Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Норвежанецот беше воодушевен од одличното деби во англискиот шампионат, па искористи неколку недозволени зборови за време на интервјуто со „Скај Спортс“.

„Да, можев да постигнам хет-трик. Имаше шанса пред да бидам заменет. Тоа е малку с*ање, но тоа е … по што доби предупредување од новинарот – Извинете, с*ање“, повторно кажа Халанд и се насмеа.

 

Се вчитува...