Јеро: Големината на Серхио Рамос ќе се види кога тој ќе се пензионира

Легендата на Реал Мадрид, Фернандо Јеро смета дека сегашниот капитен на „кралевите“, Серхио Рамос не е доволно ценет во клубот. Дефанзивецот често го обвинуваат дека е „валкан“, а некогашниот капитен на клубот смета дека тие луѓе не ја разбираат играта.

„Што значи Серхио Рамос за фудбалот ќе се види дури кога ќе се пензионира. Рамос воопшто не е агресивен фудбалер. Понекогаш знае да добие жолт картон, но тоа е само за неговиот тим да не прими гол“, изјави Јеро. 

Јеро четиринаесет години помина во дресот на Реал Мадрид, период во кој запиша 439 настапи на кои постигна 102 гола.

Се вчитува...