Јеро: И да сакате не можете да играте против 11 играчи напикани во 20 метри

Сосема очекувано, принудно назначениот селектор на Шпанија, Фернандо Јеро е незадоволен од елиминацијата на неговата селекција во осминафиналето на Мундијалот 2018 во Русија.

Домаќинот со бункер им се спротистави на Шпанците. Бункер кој на крајот издржа, и по пенал-рулетот Русија е во четвртфиналето.

„Се обидовме, но и да сакате не можете да играте против 11 играчи напикани во 20 метри пред својот гол. Навистина сме разочарани сите во тимот. Сите го посакувавме четвртфиналето, но иако бевме подобри на терен не успеавме во тоа. Јас ја прифаќам целата одговорност за оваа елиминација, ми беше задоволство да работам кратко со овие момци. Но, ете завршуваме неславно“ -истакна Јеро по денешниот натпревар.

Се вчитува...