Јиха го продолжи договорот со Кил до 2026 година

Чешкиот стратег Филип Јиха го продолжи својот договор со германските великан Кил до 2026 година, потврдија денеска од клубот. Јиха по завршувањето на играчката кариера во 2019 година седна на клупата на бундеслигашот.

Веќе во првата сезона Чехот успеа да ја донесе титулата во Лигата на шампионите, а покрај своето име веќе има и две титули во домашниот шампионат. Неговиот договор истекуваше на крајот на оваа сезона, но сепак од германскиот гигант се решија да ја продолжат соработката со младиот стратег.

Кил и годинава ќе биде еден од првите фаворити за освојување на титулата во Бундеслигата и во Лигата на шампионите.

Се вчитува...