По два натпревари без победа во домашниот шампионат, фудбалерите на Јувентус вечерва славеа против Калјари со 2-1 во натпревар од 13. коло од новата сезона во италијанската Серија А.
Гостите поведоа со 0-1 со голот на Еспозито во 26. минута. Само минута подоцна домаќинот успеа да израмни на 1-1 преку Кенан Јилдиз. Конечните 2-1 беа дело на истиот фудбалер во судиското надополнување во првиот дел.
Juventus [2] – 1 Cagliari – Kenan Yildiz 45+1'
byu/BackgroundMorning630 insoccer
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

