Јирген Клоп го одбра новиот капитен на Ливерпул

Деветнаесеткратниот освојувач на Премиерлигата, Ливерпул во новата сезона ќе биде предводен од нов капитен. Оваа улога ќе му припадне на Вирџил ван Дајк кој ќе го наследи Џордан Хендерсон кој реализираше трансфер во Саудиска Арабија.

Улогата на вицекапитен ќе му припадне на Трент Александар Арнолд, потврдија од редовите на „црвените“.

Ван Дајк е 21. капитен во историјата на Ливерпул. Пред него оваа улога ја вршеа имиња како Рони Вилан, Џејми Редкнап, Стивен Џерард… притоа оставајќи длабока трага во клубот.

„Ова е ден за гордост за мене и мојата фамилија. Неверојатно е чувството и не можам да го опишам со зборови во моментот. Но, тоа е нешто на што сум премногу горд. Да бидеш капитен на фудбалскиот клуб Ливерпул е нешто непроценливо. Ќе дадам се од себе за достојно да ја вршам улогата“, изјави Холанѓанецот.

Се вчитува...