Јирген Клоп ја откри тајната на тренерките

За разлика од поголемиот дел на врвни фудбалски тренери во Европа, Јирген Клоп никогаш не се грижел за тоа како изгледа додека го води својот тим на натпреварите. Наместо скапи одела, харизматичниот Германец редовно е облечен во клупски тренерки. Во разговор за „Гардијан“ објасни зошто го негува овој стил уште од своите почетоци во Мајнц.

„Еден ден бев фудбалер, а веќе следниот тренер. Во соблекувалната имаше тренерка која ја носеше мојот претходник два дена порано. Не ми беше точна, но се фокусирав на натпреварот и во ниту еден момент не ни помислив колку смешно изгледам. Кога преминав во Борусија Дортмунд помислив дека можеби треба да го променам мојот стил и почнав да носам панталони и кошула, но едноставно не се чувствував пријатно. Тоа не сум јас“, изјави Клоп. 

Kлоп кариерата ја почна во 2001 во Мајнц, а потоа ги водеше и Борусија Дортмунд и Ливерпул. Со „милионерите“ ја покори Германија, додека со Ливерпул минатата сезона триумфираше во Лигата на шампионите, а во оваа е на чекор до освојување на трофејот во Премиер-лигата по пауза од 30 години.

Се вчитува...