Јирген Клоп се согласил на намалување на платата

Менаџерите на клубовите од Премиер-лигата го прифатиле намалувањето на платите кое го нудат клубовите, а некои од нив меѓу кои Јирген Клоп и Дејвид Мојес се согласиле и на максималните 30 проценти. Се очекува двајцата да ги потврдат овие најави. Претходно менаџерите на Борнмут и на Брајтон, Еди Хау и Греам Потер јавно се изјаснија дека прифаќаат помали плати.

Сите 20 менаџери на премиерлигашките клубови во саботата беа дел од тензичниот состанок меѓу Асоцијацијата на играчите и сопствениците, но биле само посматрачи кои не учествувале во преговорите.

Договорите на менаџерите се специфични и секоја промена во нив е прашање на интерни преговори меѓу тренерот и клубот. Асоцијацијата на менаџери нуди правна помаш во ситуацијата за предводниците во сите четири натпреварувачки категории, но за разлика од Асоцијацијата на играчи не учествува во јавната дебата на оваа тема.

Се вчитува...