Јокиќ брутално искрен: Јас сум виновен за поразот од Бостон, а не моите соиграчи

Одговорноста за убедливиот пораз (124-104) од Бостон ја презеде центарот на Денвер, Никола Јокиќ. Србинот одигра исклучително слаб натпревар, па овој двобој го заврши со 23 поени, но со шут од игра 8/23, притоа собра скромни осум скока и подели четири асистенции.

Јокиќ даде брутално искрена изјава, па потенцираше дека тимот на Бостон одиграл супериорна одбрана.

„Вината за поразот е моја, а не на моите соиграчи. Бостон играше одлично во одбраната, а јас многу лошо во нападот“, призна српскиот кошаркар.

Инаку, кошаркарите на Денвер со вториот последователен пораз паднаа на седмото место во Западната конференција.

 

 

Се вчитува...