Јокиќ до трипл-дабл за 26 минути, но се беше залудно

Никола Јокиќ одигра уште еден извонреден натпревар за Денвер, но и тоа беше недоволно за нагетси да слават на гостувањето против Бостон (108-102). Србинот имаше трипл-дабл ефект уште во третата четвртина, по само 26 минути минати на теренот. Сепак, како пресудна се покажа последната четвртина што Бостон ја доби со 32-23 и стигна до победата. Јокиќ го заврши мечот со 23 поени, 16 скокови и 11 асистенции, но како и многупати досега немаше соодветна помош од соиграчите. Во таборот на Бостон најефикасни беа Тејтум со 24 и Смарт со 22 поени.

Филаделфија триумфираше над Оклахома со 100-87, меч на кој домаќините се уште не можеа да сметаат на големото засилување Џејмс Харден. Центарот Ембид повторно беше доминантен со 25 поени и 19 скокови, додека Макси придонесе со 24 поени за овој триумф на Филаделфија.

Чикаго благодарение на фуриозниот напад во последната четвртина (42 поени) стигна до триумф над Минесота од 134-122. Дерозан ги предводеше стрелците на овој меч со 34 поен, а најефикасен во таборот на Минесота беше Едвардс со 31 постигнат поен.

 

Резултати НБА:

Детроит – Шарлот 119-141, Индијана – Кливленд 113-120, Филаделфија – Оклахома 100-87, Атланта – Сан Антонио 121-136, Бостон – Денвер 108-102, Чикаго – Минесота 134-122, Јута – Орландо 114-99.

Се вчитува...