Јокиќ го потпиша најскапиот договор во историјата на НБА

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го потпиша новиот договор со Денвер Нагетс. Оваа вест Денвер Нагетс ја објавија на друштвените мрежи, а набрзо на својот твитер профил фотографијата ја објави и неговиот менаџер, Мишко Ражњатовиќ.

Јокиќ со Нагетс го продолжи договорот во следните пет години, што значи дека во Денвер ќе остане до 2028 година.

За овие пет години тој ќе заработи рекордни 264 милиони долари.

 

Се вчитува...